Крвивичниот суд ја доби на користење салата на Врховниот суд за случајот ,,Диво Насеље" | Правдико

Правдико

   

Крвивичниот суд ја доби на користење салата на Врховниот суд за случајот ,,Диво Насеље”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

vrhoven-sudОсновниот суд Скопје 1 – Скопје ги информира претставниците на медиумите како и адвокатите кои се дел од предметот со КОК бр. 127/15 поврзан со настаните во Кумановско Диво Насеље дека со одлука на Влада на Република Македонија, на Кривичниот суд во Скопје му се дава на времено користење недвижен имот односно големата сала која се наоѓа во зградата на Врховниот суд, а истата одлука веќе е објавена во Службен весник на Р.Македонија.

О Д Л У К А ЗА ДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА НЕДВИЖНА СТВАР НА ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ I – СКОПЈЕ Член 1

Со оваа одлука на Основниот суд Скопје I – Скопје се дава на времено користење, без надомест, недвижна ствар – сала во зграда бр. 3, влез 1, кат 1, број 1, намена ДП, со површина од 238,81м² од вкупно 781 м2 , која се наоѓа на ул. „Првомајска“ во Скопје, на КП бр. 8887/1, КО Центар 1, запишана во Имотен лист бр. 106130, број на зграда 3, сопственост на Република Македо- нија, за период од шест месеци од денот на влегување- то во сила на оваа одлука. Член 2 Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од де- нот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 42-4278/1

Заменик на претседателот 17 мај 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р.

Со оглед на краткиот период од објавување на оваа одлука, заради формалности односно организирање на просторот и обезбедување на технички услови за судење, главната расправа за предметот поврзан со случувањата во Диво Насеље која беше закажана за 23.05.2016 година се поместува за 27.05.2016 година во 10 часот во големата сала на Врховниот суд.

Препорачуваме

Партнери на Правдико