Куба - САД: Завршена е третата рунда на преговори | Правдико

Правдико

   

Куба – САД: Завршена е третата рунда на преговори

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хавана – Третиот круг преговори помеѓу дипломатските претставници на САД и Куба денес заврши во Хавана, но деталите од средбата, која се одржа подалеку од очите на јавноста, не се познати.

havana_kuba

Кубанското Министерството за надворешни работи само соопшти дека разговорите биле “во професионална атмосфера”.

Американскиот Стејт департмент досега не се огласи по повод оваа средба, која, како што е наведено од страна на АП, одржана е на невообичаен таинствен начин, за разлика од претходните две.

Разговорите, чија цел е воспоставување дипломатски врски и повторно отворање на амбасадите, предводена од високата американска дипломатска претставничка за Латинска Америка, Роберта Џејкобсон и Хосефина Видал, што е највисок кубански дипломат за американските прашања.

Првиот круг од преговорите се одржа во Хавана, а вториот во Вашингтон.

Двете страни велат дека за време на преговорите во Вашингтон на 27 февруари, е направен напредок со цел да се воспостават дипломатските односи прекинати повеќе од 50 години, но во исто време предупредија дека остануваат разликите.

Во пресрет на третата рунда на преговори, американскиот Стејт департмент соопшти дека е “во интерес на двете држави за повторно воспоставување дипломатски односи и отворени амбасади”.

Американскиот претседател Барак Обама и кубанскиот лидер Раул Кастро ја изненадија светската јавност во декември минатата година со одлуката за обнова на односите по повеќе од половина век.

Обама во неодамнешното интервју за Ројтерс, изрази надеж дека Америка ќе отвори амбасада во Куба до Самитот на земјите од западната хемисфера кој треба да се одржи средината на април во Панама.

Американскиот претседател сепак истакна дека ќе биде потребно повеќе време за постигнување на нормални односи со Куба по прекинот долг повеќе од половина век бидејќи “има уште многу работа да се заврши.”

Извор: Танјуг

Препорачуваме

Партнери на Правдико