Правдико

   

Куќен притвор за две лица поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Единицата за насилен криминал на скопската полиција поднела кривична пријава против две лица, осомничени дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за време на протестот што се одржа во средата против одлуката на претседателот да аболира 56 лица, против кои се водат кривични постапки поврзани со незаконското прислушување.

12980550_10206402211510464_1221208178_n-1-860x680

Како што соопшти МВР, станува збор за Н.А.(30) и Ф.Н.(30) кои според пријавата се товарат за кривичното дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Судија на претходна постапка на осомничените, кои како што информираат од МВР и предохдно биле пријавувани за дела поврзани со насилство, им одредил мерка куќен притвор од 8 дена.

„Во врска со настанот запознаен е Јавен обвинител и по прегледувањето на видео-записите, од страна на Јавниот обвинител и полициски службеници од Единицата за насилен криминал е констатирано дека Н.А. и Ф.Н. активно учествувале во група што врши оштетување на народната канцеларија на претседателот на Република Македонија, изнесување на инвентар од истата и опожарување на инвентарот на коловозот“, стои во соопштението на МВР.

На протестот, се додава во соопштението, биле приведени вкупно 13 лица. Двајцата осомничени и останатите 11 приведени, велат од МВР, во изјавите што ги дале во полициската станица „Беко“ негирале дека ја демолирале канцеларијата.

Против останатите 11 приведени, полицијата поднела барање за поведување на прекршочна постапка.

Извор: Мета

Партнери на Правдико