Кумановец фатен со 42 пакувања марихуана на Блаце | Правдико

Правдико

   

Кумановец фатен со 42 пакувања марихуана на Блаце

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера претпладне, на граничниот премин „Долно Блаце“, полицијата извршила контрола на камионот „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма, а управувано од Д.И. (65) од Куманово.

Во возилото биле пронајдени 42 пакувања непозната растителна материја, најверојатно марихуана.

Лицето е лишено од слобода, а поради влошена здравствена состојба во присуство на полициски службеници било пренесено во ГОБ „8-ми Септември“, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико