Кумановец ги игнорирал полициските насоки и агресивно излегол од карантинот во струшки хотел
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Струшката полиција поднесе кривична пријава против 25-годишник од кумановското село Матејче кој бил сместен во државен карантин во хотел во Струга.
Како што информираат од СВР Охрид, тој на 8 април излегол од соба на хотелот „Дрим“, каде бил сместен во задолжителен карантин и започнал недолично и агресивно да се однесува кон полициските службеници, игнорирајќи ги нивните насоки.
Кумановецот се товари дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Извор: Макфакс