Правдико

   

Кумановското обвинителство ќе истражува дали Заев поткупувал гласачи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предметот за наводниот обид за поткуп на гласачи пред референдумот од страна на премиерот Зоран Заев е во рацете на кумановското обвинителство. Како што информираше јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, три пријави биле поднесени до скопското обвинителство, а потоа се препратени до Обвинителството во Куманово и по нив се постапува за проверка на наводите од кривичната пријава.

,,Станува збор за споени три кривични пријави од две политички партии и од едно здружение, а се против премиерот Зоран Заев за говор одржан пред референдумот. Пријавите се поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Глас на Македонија и од Светскиот македонски конгрес”, вели Бајрами.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Заев дека отворено на митинг повикал бизнисмените со пари да ги мотивирале вработените да гласаат на референдумот, посочувајќи една компанија чиј сопственик веќе му ветил дека ќе го стори тоа.

Владејачката партија СДСМ реагираше на обвинувањата, тврдејќи дека Заев како премиер е посветен на градењето социјална држава и поради тоа се грижи за стандардот на работниците.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико