Правдико

   

Курс за адвокати: „Права на заштита на податоци и приватност“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Адвокатската комора на Република Северна Македонија, во соработка со Советот на Европа-ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци, организира курс за адвокати за правата на заштита на податоци и приватност.

Kурсот „Права на заштита на податоци и приватност“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци во 28-те земји членки на ЕУ, позната и како „ХЕЛП во 28-те”. Се работи за програма на Совет на Европа со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ.

Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи првенствено за on line курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.

Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на Република Македонија за успешно завршен курс.
На 8 октомври 2019 година, во х. Холидеј Ин во Скопје, ќе биде одржана средба за започнување на ХЕЛП курсот „Права на заштита на податоци и приватност“, каде што детално ќе биде објаснет начинот на функционирање на курсот. Агендата дополнително ќе биде доставена на пријавените адвокати.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 18 септември 2019 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: lawyermk@mba.org.mk. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Партнери на Правдико