Правдико

   

Kурс за адвокати за правата на заштита на податоци и приватност во соработка со Советот на Европа – ХЕЛП Програма

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на Република Северна Македонија, во соработка со Советот на Европа – ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци, организира курс за адвокати за правата на заштита на податоци и приватност.

Kурсот „Права на заштита на податоци и приватност“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци во 28-те земји членки на ЕУ, позната и како „ХЕЛП во 28-те”.

Се работи за програма на Совет на Европа со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ. Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи првенствено за on line курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.

Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на Република Северна Македонија за успешно завршен курс. На 18 февруари 2020 година, во Скопје, ќе биде одржана средба за започнување на ХЕЛП курсот „Права на заштита на податоци и приватност“, каде што детално ќе биде објаснет начинот на функционирање на курсот.

Агендата дополнително ќе биде доставена на пријавените адвокати. Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 29 јануари 2020 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: akrsm.obuki@gmail.com. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Партнери на Правдико