Курс за насилство врз жените и домашно насилство – ХЕЛП програма | Правдико

Правдико

   

Курс за насилство врз жените и домашно насилство – ХЕЛП програма

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на Република  Македонија, ја продолжи успешната соработка со Советот на Европа-ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци. Имено, по успешното комплетирање на Курсот „Насилство врз жените и домашно насилство“, а со цел да се излезе во пресрет на барањата на адвокатите за повторување на овој курс, Адвокатската комора на Република Македонија, во соработка со Советот на Европа, организира уште еден курс за адвокати за насилство врз жените и домашно насилство.

Kурсот „Насилство врз жените и домашно насилство“ е изготвен заеднички од страна на Секторот за еднаквост и човечко достоинство, Одделението за насилство врз жени и Европската програма за едукација за човековите права за правни професионалци (ХЕЛП Програма) на Советот на Европа. Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи главно за on line курс, којшто е интерактивен и се состои од неколку модули.

Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на Република Македонија за успешно завршен курс.

На 9 април 2018 година, во Скопје, ќе биде одржана средба за започнување на ХЕЛП курсот „Насилство врз жените и домашно насилство“, каде што детално ќе биде објаснет начинот на функционирање на курсот. Агендата дополнително ќе биде доставена на пријавените адвокати.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 2 април 2019 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: lawyermk@mba.org.mk. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Препорачуваме

Партнери на Правдико