Правдико

   

Kурс: „Вовед во Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за човекови права“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа-ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци преку одржување на континуитетот на спроведување на онлајн курсевите подготвени во рамки на ХЕЛП Програмата. Овој пат, соработката продолжува со организација на курс за адвокати за вовед во Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за човекови права.

Имено, имајќи предвид дека ХЕЛП курсевите се интернет или онлајн курсеви, соодветни за новонастанатата ситуација, реализацијата на истите непречено ќе продолжи, со поддршка на Советот на Европа. Единствено нема да се одржуваат вообичаените средби за започнување на курсот, кои ќе бидат заменети со детални онлајн инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на курсот, како и структурата на истиот.

Kурсот „Вовед во Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за човекови права“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци во 28-те земји членки на ЕУ, позната и како „ХЕЛП во 28-те”. Се работи за програма на Совет на Европа со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ.

Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи за онлајн курс, којшто е интерактивен и се состои од неколку модули.
Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен курс.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 10 септември 2020 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: akrsm.obuki@gmail.com. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.
Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на ХЕЛП платформата, како и за точниот датум на започнување на курсот (во втората половина на месец септември).

Партнери на Правдико