Курц: Австрија ќе забрани носење бурки | Правдико

Правдико

   

Курц: Австрија ќе забрани носење бурки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

kurcАвстрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц во четврток се изјасни за законско воведување на забрана за носење бурки и воведување на општествено полезна работа за бегалците.

Овие промени Курц планира да ги внесе во новиот закон за интеграција кој е во подготовка.

Носењето на Бурки Курц не го смета за истакнување на верски симбол, туку за знак на „паралелно општество“ што Австрија нема намера да им го толерира на мигрантите.

Курц планира да воведе таканаречени „работи за едно евро“ за бегалците, а кој нема да се согласи да работи општествено полезни работи, ќе има намалена државна социјална помош.

Според шефот на австриската дипломатија, многу е важно да се вработат бегалците, бидејќи, како што рече, „кој не работи, има време да размислува за глупави работи“

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико