Курц бара заштита на границите со Македонија и Србија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц денеска побара соработка на земјите во справувањето со бегалската криза, кога станува збор за заштита на границите со Македонија и Србија.
Тој, пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, истакна дека, додека обезбедување на грчко-турската граница не функционира, треба да соработува со Македонија, Србија и други со цел да се обезбеди Шенген зоната.
“Особено во Македонија, но и долж Балканскиот пат постои силна волја да се намали бранот на мигранти, можеби дури и да престане. Се работи секако и за Србија “, истакна Курц.
Тој смета три опции за можна таква соработка – најниска ќе биде билатералната, најголема европската, а средна, да се здружат одредени држави и да соработуваат заедно.
Во Шведска и Словенија постои слично расположение како во Австрија и интерес за таква соработка, истакна тој, додавајќи дека запирањето на мигрантите пред границата на Австрија е во интерес на земјата.
Според него, до сега Турција не ги исполни очекувањата во врска со намалување на бројот на бегалци.
“Мораме сега да водиме паралелно разговори со Македонија и Србија”, рече тој, додавајќи дека ако не се најде решение на грчко-турската граница мора да се најде решение на некоја друга граница.
Тој, исто така, побара намалување на средства за земјите кои не сакаат реадмисија на одбиените баратели на азил.