Курц: Загриженост за случајот со Кежаровски, слободата на говор и судството
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Брисел е загрижен за случајот со новинарот Кежаровски, но и со слободата на говор во Македонија.
На работната средба која министерот Поповски ја имаше со неговиот Австриски колега Себастијан Курц австриските новинари јавно побараа одговор од Поповски за последните случувања и вчерашниот протест за новинарот Кежаровски.
За Поповски пак останува нејасно зашто новинарите вчера протестирале.
Шефот на австриската дипломатија пак исто така посочи дека Македонија треба сериозно да работи на реформите во судството, решавањето на политичката криза во земјата како и спорот со името.
Вели и покрај тоа што ЕУ периодов не е расположена за прием на нови членки, сепак реформи се потребни во сите земји особено кај оние кои имаат аспирации да бидат членки на унијата.
Покрај средбата со Поповски шефот на австриската дипломатија се сретна и владиниот врв oдносно со претседателот Иванов, премиерот Груевски, а исто така и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Извор: 24Вести