Кузески ги демантира наводите во кривичната пријава од „Еурокомпозит“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Генералниот директор на наменската фабрика „Еурокомпозит“ Александар Кузески ги демантира наводите во кривичната пријава на синдикатот на „Еурокомпозит“ и смета дека се тенденциозен обид да му се наштети приватно и како јавен функционер.
Синдикатот денеска до Полицијата и до Основното јавно обвинителство во Прилеп поднесе кривична пријава против Кузески и против директорот на ДООЕЛ „Композитна опрема“ Тони Дукоски. Се сомневаат дека околу 90.000 евра, пари авансирани од Владата за сработено во фабриката „Еурокомпозит“ се префрлени на ДОООЕЛ „Композитна опрема“, а оттаму на непостоечка фирма „Ројал логистик интернационал“ од село Велгошти, сопственост на директорот Дукоски.
– Ги демантирам наводите во кривичната пријава и ова го сметам како тенденциозен обид да ми се наштети приватно и како на јавен функционрер. Работам според позитивните законски прописи и ги повикувам Финансиската полиција, Државниот завод за ревизија и сите соодветни институции да дојдат и да ја утврдат фактичката состојба – вели Кузески во својот демант до јавните гласила.
Службеници од Финансиската полиција, додава, веќе беа во компанијата и побараа одредена документација која им беше предадена, но останувам отворен за соработка со сите релевантни институции.
– Компанијата по моето назначување ја начекав во очајна ситуација и со започнат штрајк, со неисплатени плати, со неисплатени придонеси од 2012 година до денес, со нереализирани обврски кон домашни и странски партнери, а веќе земени и потрошени аванси. Таквата ситуација е посебно влошена во пресрет на парламентарните избори, во декември 2016 година кога во еден подолг временски период, под мотивот за одржување на социјален мир, се исплаќани аванси за плата, а вработените во фабриката практично ништо не работеле – стои во демантот на генералниот директор на „Еурокомпозит“, Александар Кузески.
Извор: Нова Македонија