КЗП: Судството се уште работи и суди по двојни аршини | Правдико

Правдико

   

КЗП: Судството се уште работи и суди по двојни аршини

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комитетот за заштита на правата (КЗП) ја информира јавноста дека судството во Република Македонија се уште работи и суди по двојни аршини. Од една страна, со умисла се кочат и опструираат предметите кои што ги работи СЈО, штитејки осмничени криминалци за тешки кривични дела против државата или милионски финансиски злоупотреби, велат од КЗП.

Од друга страна, кога станува збор за обични граѓани, судот се однесува најсурово и надвор од границите на разумот, вон сите примери на судска пракса во Македонија, регионот, ЕУ, па и пошироко, додаваат од КЗП.

„Денес, во кривичниот Суд Скопје 1-Скопје беше објавена пресуда за кривично дело трговија со дрога, а се судеше за 2,8 килограми марихуана. За 2,8 килограми марихуана, им се судеше на 9 граѓани а вкупната затворска казна која што беше изречена е 45 години затвор. Највисоката казна е  13 години затвор,  другите казни се  9, 8, 6, и 4 години а најниските казни се по 1,5 години затвор. За апсурдот да биде најголем, за тој кривично правен настан веќе постои правосилна пресуда“, потенцираат од КЗП.

Очигледно, насушно потребните реформи во судството треба да се започнат со основните постулати во кривичното законодавство, а тоа е правилото на res judicata – односно забрана да се суди за веќе пресудена работа, заклучуваат од Комитетот за заштита на правата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико