Лани биле убиени повеќе од 10 000 деца во светот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Повеќе од 10 000 деца биле убиени или осакатени во вооружени напади ширум светот во текот на минатата година, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации.
Регистрирани се повеќе од 21 000 случаи на кршење на правата на децата, што е многу повеќе во однос на претходната година. Меѓу случаите има деца кои биле жртви на силување, но и деца кои биле принудени да станат борци или извеле напади врз училишта и болници.
Во конфликтот во Јемен се убиени или повредени повеќе од 1 300 деца, а Обединетите нации ја обвинија арапската коалиција која со поддршка на САД се бори во земјата, за најмалку половина од бројот на жртви.
Извор: Макфакс