Латас ги градел викендичките со тули на компензација од „Сител“ | Правдико

Правдико

   

Латас ги градел викендичките со тули на компензација од „Сител“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На продолжението за рочиштето во предметот „Тревник” беа пуштени необјавени бомби меѓу Латас и Злате Анастасов, управителот на фирмата што ги градела викендичките.

Во една од бомбите, Латас му вели на Анастасов дека ќе добие 7000 цигли кои биле компензација на ТВ „Сител“ од друга фирма. 14 илјади евра бил износот на компензацијата.

„Со 14 илјади ерва полесно се дише”, му вели Латас на соговорникот.

„Испратницата да биде на име на Сител”, го советува Латас соговорникот.

По барање на адвокатката на Латас, јавноста е исклучена во првиот дел од 28. бомба, поради зачувување на приватноста на обвинетиот.

Судијката Клетничка одлучи, по предлогот на СЈО, тоа да биде и за 121. бомба. Закажани се 5 следни рочишта за предметот „Тревник“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико