Латас може да се спаси од кривично гонење за „Тотал“ | Правдико

Правдико

   

Латас може да се спаси од кривично гонење за „Тотал“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новинарот Драган Павловиќ Латас може да се спаси од кривично гонење за предметот „Тотал“, со измените на Кривичниот законик во кој се воведе ново кривично дело „даночна измама“.

Од коалицијата „Сите за правично судење“ велат дека сега може да се направи преквалификација на делото  „Тотал“ кое според обвинението повеќе се поклопува со овој нов член – даночна измама, отколку со даночно затајување – за што досега беше суден обвинетиот.

За делото „даночна измама“ се предвидени помали казни „од најмалку 6 месеци до три години“ за разлика „од најмалку 4 години“ колку што е предвидено за делото даночно затајување. Доколку се преквалификува како „даночна измама“ ова дело за Латас е веќе и застарен.

-Оние кривични дела кои се сторени во 2012 година, со намалени затворски казни, веќе се апсолутно застарени, рече Дарко Аврамовски од „Сите за правично судење“.

Во „Тотал“ новинарот Драган Павловиќ-Латас е обвинет за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медиа центар и „Медиамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

Од „Сите за правично судење“ велат дека со измените кои ги донесе Собранието на крајот на минатата година во Кривичниот Законик, побрзо ќе застари и делото „Труст“. Со измените казните во  членот 275 од Кривичниот законик казната затвор од „најмалку 5 години затвор“, се намали на „најмалку 4 години затвор“.

-Новите измени предвидуваат намалување на казната за кривично дело 275 кое се однесува за злоупотреба на постапката за јавни набавки и договорите за јавно – приватно партнерство, кои што ја намалуваат казната за предметот „Труст“ кој што е во жалбена постапка. Со намалување на казната се намалуваат и годините за застареност на делото и по нашите калкулации ова дело ќе застари во 2021 година, кажа Аврамовски

Но застарувањето на делото не ја запира постапката за конфискација на имотот, иако според Аврамовски во Кривичниот законик не е прецизно напишано како би се конфискувал имотот во случај кога не може да се одржи судска постапка.

Во случајот „Труст“ Сеад Кочан беше обвинет на шест години затвор, а  Василие Авировиќ, кој е син на пратеничката Владанка Авировиќ која гласаше за уставните измени, на три години затвор. Судот исто така одреди и конфискација на имотот во висина од 17 милиони евра и забрана за врешење на дејност во тарење од три години. Предметот „Труст“ се однесуваше за тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола, на кој обвинетите учествувале со лажни документи.

Од „Сите за правично судење“ велат дека делото на поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска не е опфатено со измените на Кривичниот законик.

Извор:НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико