Лавров ги отфрли тврдењата дека Русија заговарала државен удар во Црна Гора | Правдико

Правдико

   

Лавров ги отфрли тврдењата дека Русија заговарала државен удар во Црна Гора

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, остро ги критикуваше во понеделникот неодамнешните тврдења дека руските власти биле наводно вмешани во обид за државен удар во Црна Гора минатата година во текот на парламентарните избори. Лавров ваквите обвинувања ги нарече неосновани.

Ова доаѓа откако британскиот весник Telegraph објави извештај во кој се тврди дека Москва ковала заговор за соборување на владата на Црна Гора и убиство на доскорешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ.

Владини извори во Велика Британија тврдат дека минатата есен Русија заговорала атентат врз премиерот на Црна Гора и соборување на владата, наводно „за да го саботира планот на земјата за членство во НАТО.”

Во ноември минатата година, црногорските власти објавија дека спречиле обид за државен удар. Беа уапсени околу 50 лица од Црна Гора и Србија, а Интерпол распора потерница по двајца државјани на Русија за време на парламентарните избори во земјата.

„Статијата на Telegraph што ја спомнавте стои во иста линија како уште едно неосновано обвинување против нас и нашата земја, вклучувајќи ги и наводите за хакирање против целиот Запад, интервенции во изборни кампањи на поголемиот дел од западните земји, поврзаноста на администрацијата на Трамп со руски специјални служби и многу други. Ниту еден од овие непоткрепени наводи не бил поддржан со факти “, Лавров изјави за новинарите коментирајќи го извештајот на Telegraph.

Руската амбасада во Лондон во неделата, исто така, го отфрли извештајот како „чиста инсинуација”.

Целиот извештај е рециклирање на фрла вести со цел „да ги подгрее тензиите со Русија”, соопшти руската амбасада. Претходно, Москва „категорично ја отфрли можноста за вклученост на Кремљ во обиди за вршење на било незаконски активности”, за време на парламентарните избори во Црна Гора во октомври 2016 година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико