Лавров: Посета на Јагланд во Македонија за нормализација на ситуацијата | Правдико

Правдико

   

Лавров: Посета на Јагланд во Македонија за нормализација на ситуацијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

7cde87cc3701c9e351b8ab6a711c3c29Поради зголемувањето на тензиите во Македонија, Русија предложи во регионот да биде испратен генералниот секретар на Советот на Европа Торборн Јагланд, соопшти вчера Министерството за надворешни работи на Русија, додека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека посетата е од суштинско значење.

“Со оглед на зголемувањето на тензиите во Македонија, руската страна го предложи испраќањето на генералниот секретар на Советот на Европа во регионот”, се вели во соопштението на руското Министерство по учеството на Лавров на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа во Брисел.

Во соопштението се додава дека Лавров, како дел од своето учество во министерскиот состанок, оствари работна средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, пренесува TAS С.

Лавров во својот говор во Брисел, чиј текст е објавен на веб страната на Министерството, посетата на Јагланд во Скопје ја окарактеризира како суштински важна.

“Имајќи ја во предвид очигледната регионална димензија на настаните во Македонија, тоа ќе биде од суштинско значење , генералниот секретар на Совет на Европа да го посети Скопје, со цел да се промовира нормализација на ситуацијата врз основа на принципите и вредностите на нашата организација”, изјави Лавров.

Препорачуваме

Партнери на Правдико