Лазар: Оградата на границата со Хрватска е речиси завршена | Правдико

Правдико

   

Лазар: Оградата на границата со Хрватска е речиси завршена

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

hungarian-police-borderОградата долж унгарско-хрватската граница е 99 проценти завршена, изјави шефот на кабинетот на премиерот на Унгарија Јанош Лазар. Унгарија дозволи војници на членки на ЕУ и НАТО да ја чуваат границата.

Унгарската влада во меѓувреме води меѓународни консултации за чекорите кои треба да се преземат за да се спроведе безбедноста долж границата, соопшти Лазар.

Планот на Унгарија е јужната граница на “Шенген зоната” со Хрватска да се заштитува заедно со силите на земјите членки на Вишеградската група.

Лазар истакна дека Унгарија е изоложена на организирана акција на криумчарење  мигранти, со интензивна учество на хрватската држава.

Тој додаде дека тешко е да се замисли дека до крајот на годината околу 600.000 илегални имигранти би можеле да пристигнат во Унгарија.

Унгарската влада одобри декрет со кој војниците на членки на Европската Унија и НАТО да помагаат во чувањето на границите за време на бегалската криза.

Во декретот се наведува дека до 1.000 војници од сојузничките земји може до 15 март да учествуваат во операцијата “заедничка волја” и да ги чуваат границите.

Задачата на странските трупи ќе биде да учествуваат во заеднички вежби и директно да им помогат на унгарските војници на границата. Околу 4.700 унгарски војници се распоредени на границата со Србија и Хрватска.

Препорачуваме

Партнери на Правдико