Лажен инспектор зел 20.000 евра од жител на Отља за да му го ослободи синот од затвор | Правдико

Правдико

   

Лажен инспектор зел 20.000 евра од жител на Отља за да му го ослободи синот од затвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тетовец измамил жител на кумановско Отља, ветувајќи му дека за 20.000 евра ќе му го извади синот од затвор.

evra-20

Измамата во ПС Гази Баба, ја пријавил Н.Б. (68) од Отља, кумановско, кој рекол дека во текот на јули 2016 година од страна на лицето Н.М. од Тетово му била извршена измама за сума од 20.000 евра.

На една средба во ресторан во Сарај со Т.Б, ќерка на пријавителот и со нејзина другарка пријавениот Н.М. им се претставил како полициски инспектор по дрога и оружје во СВР Тетово и доколку им затребал истите можеле да го побараат. Тогаш Т.Б му кажала дека нејзиниот брат Б.Б. е во затвор, на што тој им кажал дека има пријатели во затвор и во суд и дека можат да ги исклучат камерите за тие да го посетат.

По неколку дена се сретнале во населба Ѓорче Петров и Н.М. наводно се јавил на адвокатот за да го праша колку пари се потребни за да го ослободат Б.Б. од затвор. Т.Б. на Н.Б. му кажала дека се потребни поголема сума на пари за ослободување на Б.Б., за што тој прифатил и одвоил 20.000 евра, кои му ги дале на Н.М.

Кога Н.Б. во септември отишол на посета кај синот во затвор и го прашал дали дошол адвокатот, истиот појаснил дека до сега немал посета од никого во затворот, по што Т.Б. и Н.Б. неколку пати се обиделе да го добијат телефонски Н.М., но истиот не се јавувал. Кога тој ги барал телефонски им барал уште пари, при што сфатиле дека се измамени за сума од 20 000 евра.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико