Правдико

   

Лажен полицаец ограбил албански државјани

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Лажен полицаец во четвртокот во Охрид ограбил тројца албански државјани, соопшти полицијата.

Според истиот извор, А.Д.(32) од Тирана- Р.Албанија, пријавил дека истиот ден околу 20,10 часот додека задно со неговите пријатели С.М.(38) и Г.Г.(37) двајцата од Елбасан-Р.Албанија се движеле по ул.,,Крум Точко“, биле престретнати од патничко возило „фолксваген голф 5“ со непознати регистарски ознаки од кое излегле две непознати машки лица.

Според кажување на пријавителот едно од лицата имало елек на кој пишувало полиција, а другото лице било вооружено при што сторителите им кажале да легнат на земја и им извршиле претрес и одзеле две ташни во кои имало патна исправа, лични карти, четири мобилни телефони.

Во едната ташна имало 4.000 долари, 450.000 леки, 700 евра, 60 турски лири и 300 денари додека во другата имало 350 канадски долари 30 евра и 10 франки.

Арамиите потоа побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико