Лажно се претставил како доктор и му зел 12.000 денари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шеесет и тригодишен маж бил измамен од непознат сторител во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Додека чекал со сопругата во одделот за ортопедија, непознат маж му се претставил како доктор вработен на клиниката и почнал да му објаснува за болеста на неговата сопруга. Му понудил дека може да им помогне да ја забрза процедурата за терапијата, по што на човекот му зел 12.000 денари. Кога лицето ги зело парите, не се вратило повеќе.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: Макфакс