Правдико

   

Лажно се претставувал како теренски работник на ПИОМ и со измама земал пари од пензионери

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Гевгелиската полиција на 15  јануари уапсила 51-годишен жител на овој град кој извршил кривични дела измама, лажно претставувајќи се како теренски работник во ПИОМ Скопје.

Како што информираат од МВР, изминатиов период тој довел во заблуда поголем број граѓани, барајќи од нив да уплатат од 1.700 до 4.000 денари, а со цел да подигнат парични средства од сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 170.000 до 450.000 денари по разни основи.

Од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени телефонски апарати, сим-картички, документи и поголем број мобилни телефонски броеви и лични податоци од оштетени лица.

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико