Правдико

   

Ле Пен: Мигрантите да се враќаат во земјите од каде што доаѓаат

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

marin-li-pen-infomaksПретседателката на француската екстремно десничарска партија Национален фронт Марин Ле Пен, изјави   дека Франција треба да ги врати мигрантите преку Средоземното Море назад кон земјата од која доаѓаат, со цел да се спречи трговијата со луѓе.

Ле Пен на радиото “Европа 1”, ја критикуваше Европската имиграциона политика, додавајќи дека Франција треба да ги враќа мигрантите во земјата од каде што доаѓаат, бидејќи така “шверцерите ќе знаат дека ниту еден мигрант нема да стигне до нашите брегови”, пренесува АФП.

Додека Италија се бори со прилив на мигранти, италијанската екстремна десничарска партија предводена од Северната лига, исто така, се залага за радикални промени во однос на ова прашање. Како што беше најавено од страна на италијанската крајбрежна стража, близу 3.700 имигранти беа спасени од бродот во близина на брегот на Либија во саботата.

Сите спасени мигранти биле префрлени на италијанскиот брег, а некои стигнаа до островот Лампедуса, во далечната јужниот дел на Италија , соопшти портпаролот на крајбрежната стража. Околу 170.000 имигранти влегле во ЕУ преку Италија минатата година дедека на опасниот пат, повеќе од 3.000 го изгубија животот, соопшти британската агенција. Според официјалните податоци, во текот на првите два месеци од оваа година, пристигнувањата на мигранти се 43 отсто поголеми во однос на истиот период во 2014 година

Партнери на Правдико