Ле Пен: Веднаш би ја укинала Шенген зоната | Правдико

Правдико

   

Ле Пен: Веднаш би ја укинала Шенген зоната

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Екстремнодесничарската кандидатка за претседател на Франција Марин Ле Пен изјави дека во случај на победа, веднаш ќе го укине француското членство во Шенген зоната и ќе ги депортира странците кои се на списокот за исламски екстремисти.

Ле Пен предизвика негативни реакции со забелешките за депортацијата на евреите за време на Втората светска војна во Франција.

Таа ужива поддршка од 23 до 24 отсто од гласачите, со што е на исто ниво со кандидатот на движењто „Напред“ Емануел Макрон.

– Секоја секунда од моето претседателство би била корисна за Франција и Французите, нагласи Ле Пен.

Меѓу останатото таа планира да ја намали старосната граница за пензија од 62 на 60 години, да им го одземе на лицата со двојно државјнаство, француското државјанство доколку се поврзани со џихадизмот и да ги намали данокот на приход.

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико