Legal Case Management – За Модерни и Ефикасни Адвокатски Канцеларии
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Дизајниран според примерот на светските софтверски решенија, но прилагоден за македонската адвокатска пракса, со задоволство Ви го претставуваме Legal Case Management – едноставно веб-базирано софтверско решение наменето за модерни адвокатски канцеларии со моќни функционалности за целосно управување со адвокатската пракса.
Голем придонес при развојот на Legal Case Management, имаа нашите соработници, адвокатските друштва “Чичевалиев и Илијовски” и “Апостолска и Александровски” кои ни помогнаа да го насочиме нашиот фокус кон вистинските области во адвокатурата. Темелно анализирајќи ги сите процеси, правни документи и процедури, основната цел на Legal Case Management, е да унапреди три клучни области: ефикасноста и продуктивноста при извршување на секојдневните активности, непосредна комуникација со клиентите и ефикасното фактурирање и транспарентност во наплатата на правните услуги.
Подобрена ефикасност и продуктивност
Legal Case Management ги автоматизира дел од рутинските процеси од адвокатската пракса и ја намалува мануелната работа на адвокатите. Односно софтверот е составен од интегрирани функционалности за ефикасно управување со: предмети, клиенти, настани, задачи, известувања, финансии и сл. На тој начин, адвокатите ќе можат да го насочат својот фокус кон потребите на своите клиенти наместо на административни работи и да ја подобрат својата ефикасност и продуктивност.
Непосредна, транспарентна комуникација со клиентите
Legal Case Management ги елиминира бариерите за транспарентна комуникација и соработка со домашни и странски клиенти преку интегриран клиентски портал. Порталот им овозможува на клиентите пристап до статусот на нивниот предмет во реално време, само со интернет конекција, надминувајќи ги недостатоците на е-маил, skype или телефонската комуникацијата.
Вредноста на оваа функционалност се одразува и на адвокатите и на нивните клиенти: клиентите се навремено информирани со сите потребни информации, со што се зголемува нивниот степен на доверба како основа за долгорочна соработка. Адвокатите пак го заштедуваат своето време кое претходно го посветувале на информирање на своите клиенти, фокусирајќи се на работи кои се од суштинска важност за раст на нивната пракса.
Едноставно фактурирање и наплата на услуги
Фактурирањето на правните услуги е комлексно, затоа се обидовме со Legal Case Management да го поедноставиме. Имено, за време на предметот софтверот овозможува следење на трошоци за секоја вклучена активност, па по затварање на предметот имате јасен увид на сите активности и трошоци кои треба да се вклучат во фактурата.
Дополнително адвокатите можат сами да го изберат начинот на кој ќе вршат наплата во зависност од нивните и преференциите на клиентот ( според процент, според извршена услуга, според посветени часови и сл.) овозможувајќи за транспарентност на извршената наплата.
Посебно горди сме на фактот што вредноста на Legal Case Management освен нашите соработници ја препознаа и други реномирани адвокатски друштва, меѓу кои и “Адвокатско друштво Богданов и Богданов и “Адвокатска и патент канцеларија Михајлоски и Поповска”, кои решија да воведат современи стандарди во својата работа и да ја модернизираат својата пракса.
Повеќе за Legal Case Management и неговите функционалности прочитајте на следниов линк: http://legalcase.veobit.com/