Легализација на македонски документи наменети за употреба во странство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Лицата што патуваат во странство треба да се информираат дали документите издадени од органите на власта на Република Македонија се валидни за употреба пред странските институции. За таа цел, потребно е да се земе предвид следново:
[1] Доколку документот е наменет за употреба во земја-потписничка на Хашката конвенција за легализација, доволно е тој да биде заверен со „Апостил печат на судот“. На тој начин се потврдува неговата валидност и може да се употребува пред институциите во соодветната земја.
[2] Доколку документот е наменет за употреба во земја што не е потписничка на Хашката конвенција за легализација, потребно е следново:
- Потврда на валидноста на документот со заверка во Министерството за правда на Република Македонија;
- Надзаверка во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Легализација на странски документи наменети за употреба во Република Македонија
Во Република Македонија валидноста на документите издадени во странство се потврдува на следниов начин:
[1] Доколку документот е издаден од земја-потписничка на Хашката конвенција за легализација, неговата валидност се потврдува со Апостил печат на надлежната институција во соодветната земја, со што тој може да се употребува во институциите во Република Македонија.
[2] Доколку документот е издаден во земја што не е потписничка на Хашката конвенција за легализација, потребно е:
- Потврда на неговата валидност од страна на надлежните институции во соодветната земја;
- Заверка на документот во Министерството за надворешни работи на соодветната земја