Правдико

   

Лекар од Токсикологија избоден со нож

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Лекар од Клиниката за токсикологија вчера вечер околу 19. 30 часот е прободен со нож на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кога требало да дојде на дежурство. Непознато лице му нанело две убодни рани на 48-одишниот лекар од Слупчане, Кумановско. Повредениот е хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија и не е во животна опасност.

Според директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски, лекарот е надвор животна опасност.

„Од непознато лице колегата е прободен на влезот во Клинички. Тој требаше да биде дежурен ноќта и смената му почнуваше од 20 часот. Според информациите што ги имаме тој е надвор од животна опасност“, вели Беќароски во изјава за медиумите.

Се очекуваат повеќе детали за нападот од страна на полицијата. Неофицијално, станува збор за лична пресметка поради нерасчистени односи.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико