Лични карти може да се подигнат и в сабота и в недела | Правдико

Правдико

   

Лични карти може да се подигнат и в сабота и в недела

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во пресрет на претстојните локални избори, што ќе се одржат в недела на 17 октомври, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16 октомври, сабота, ќе работат на прием и издавање лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот.

Истовремено, и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТ, в сабота, 16 октомври, ќе работи на прием и издавање лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот.

В недела, пак, 17 октомври, сите наведени надлежни организациски единици ќе работат само на издавање изготвени лични карти за граѓаните, со работно време од 7 до 19 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико