Лидерите на ЕУ одлучуваат кој ќе го води Европскиот совет во следниот период
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германската канцеларка Ангела Меркел во четврток ќе се заложи за останувањето на актуелниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск на неговата функција, и покрај противењето на неговата татковина Полска, пренесуваат светските агенции.
Лидерите на 28-те членки на ЕУ на самитот кој започнува во четврток треба да одлучат кој во следните две ипол години ќе биде претседател на Европскиот совет.
Полската влада предложи Туск да биде заменет од страна на помалку познатиот член на Европскиот парламент, Јацек Сарјуш Волски.
Дипломатите, пак, трврдат дека Варшава не може да смета да смета на силна поддршка кај останатите земји членки, за разлика од Туск. Во пресрет на самитот Меркел оценила дека повторниот избор на Туск би значел „знак на стабилност во целата ЕУ“, јавува АР.
Извор: Макфакс