Лидерите од Г7 се спремни за нови санкции кон Русија | Правдико

Правдико

   

Лидерите од Г7 се спремни за нови санкции кон Русија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Борбата против тероризмот и глобалното затоплување, подобрувањето на правата на жените, продолжување на притисокот врз Русија додека Москва не почне да го почитува суверенитетот на Украина, ова се приоритетите на Групата седум индустриски најразвиени земји, наведени во завршниот документ од самитот Г7, кој се одржа во Германија.

g7a

„Поради загриженоста по обновените судири на истокот на Украина, повторно апелираме да се почитува договорот за прекин на огнот и за повлекување на тешкото вооружување, како што е превидено со договорот од Минск“, стои во соопштението.

Г7 соопшти дека се спремни да преземат нови мерки против Русија за Москва да почне да ги почитува своите обврски од Минск.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека санкциите кон Русија би можеле да бидат прекинати кога ќе исчезнат причините поради кои се воведени.

– Едногласно го осудуваме одземањето на Крим, што е спротивно на меѓународното право. Подвлекуваме дека конфликтот во Источна Украина може да биде решен само политички, базиран на спогодбата од Минск. Согласни сме дека укинувањето на санкциите кон Русија се поврзани со имплементирањето на договорот од Минск, а подготвени сме, доколку тоа стане неопходно и ако ситуацијата тоа го бара, да ги засилиме санкциите, иако тоа не го сакаме. Но, веруваме дека мораме да направиме сè за да го протуркаме политичкиот процес во Минск – наведе Меркел.

Американскиот претседател Барак Обама рече дека руските сили ги продолжуваат операциите на истокот на Украина и оти светските индустриски сили планираат, доколку е неопходно, да воведат уште построги санкции.

– Ова е втора година по ред Г7 да се состанува без Русија, а тоа е уште еден доказ за руската изолација. Сите членки на Г7 ќе продолжат да ги одржуваат санкциите кон Русија поради нејзината агресија кон Украина – порача Обама.

И британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека членките на Г7 се обединети во поглед на санкциите кон Русија.
– Постојните санкции мора да останат на сила сè додека спогодбата од Минск не биде целосно применета. Тоа бара напори и од Украина и од Русија – констатираше Камерон.

А Русија порача дека не гледа ништо ново на ставот кој на самитот во Германија го зазедоа лидерите на Г7 за Москва во врска со санкциите и сугерирала дека имало несогласувањаа во мислењата.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико