Правдико

   

Листа на глоби за сообраќајни прекршоци

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

232038Во Собранието на Република Македонија беше изгласан новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој донесе повисоки казни и нови решенија во сообраќајот. Споредбено со стариот закон санкциите за несовесните возачи се зголемени, но и се воведени нови обврски како детско седиште, шлем и рефлектирачки елек за велосипедистите и слично.

Следува листата на глоби за сообраќајните прекршоци според новиот закон:

Пропуштање пешаци на пешачки премин

Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот. Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во случај на потреба. Предвидена е глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност.

Сигурносен појас

Возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицата кои се превезуваат со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси на начин утврден од производителот на возилото, за време додека возилото се движи во сообраќајот на пат. Во спротивно предвидена е глоба во износ 40 евра во денарска односно регистрирање на 25 негативни бода. За лицата кои се превезуваат во возилото, а не носат сигурносен појас пресдвидена е глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.

Користење на мобилен телефон

razgovor_na_mobilen_3Возачот на моторно возило, за време на управувањето со возилото не смее да користи мобилен телефон, ниту други уреди на начин кој би ја намалил можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило.  По исклучок, мобилен телефон и други уреди можат да се користат за време на управување со моторно возило, ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце. Во спротивно предвидена е глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода.

Попречување на возачот

Лицето кое се превезува со возилото не смее да го попречува возачот  на начин кој би го намалил неговото внимание и можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило, во спротивно е предвидена глоба од 50 евра во денарска противвредност.

Намалена брзина на движење

Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање на сообраќајот. Предвидена е глоба  во износ од 50 евра во денарска противвредност.

Зголемена брзина во населено место

На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 километри/час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел.

Глоба во износ од:

  • 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.
  • 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.
  • 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина
  • 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода , на возачот  кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.

Зголемена брзина надвор од населеното место

На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:

  • 130 km/h на автопат;
  • 110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
  • 90 km/h на други патишта.

Предвидени глоби од:

  • 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70 km/h над дозволената брзина.Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.
  • 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 до 70 km/h над дозволената брзина.Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.
  • 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h над дозволената брзина.
  • 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода на возач кој надвор од населено место се движи со брзина поголема до 30 km/h над дозволената брзина.

Свртување

Возачот на возило што свртува надесно, е должен свртувањето да го изврши движејќи се по крајната сообраќајна лента што се протега покрај десниот раб на коловозот, освен ако со сообраќаен знак на патот поинаку не е определено.  Возачот на возило што свртува надесно, е должен да го пропушти возилото кое се движи од неговата десна страна по сообраќајната лента наменета за возила кои вршат јавен превоз на патници.

Возачот на возилото што свртува налево е должен свртувањето да го изврши движејќи се по крајната лева сообраќајна лента што се протега покрај средишната линија и покрај замислениот или обележаниот лак што ги соединува двете средишни линии на страничните коловози, односно по сообраќајната лента што се протега покрај левиот раб на патот со еднонасочен сообраќај, освен ако со сообраќаен знак на патот не е поинаку определено. Предвидена е глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност или 15 негативни бода.

Првенство на минување

На крстосница на патишта од иста важност или во пресрет со друго возило, возачот е должен да го пропушти возилото што наидува од неговата десна страна. Возачот на возило кој на крстосница свртува налево, е должен да го пропушти возилото кое доаѓајќи од спротивната насока, на крстосницата го задржува правецот на своето движење или свртува надесно, освен ако со поставенот сообраќаен знак поинаку не е определено. Возачот е должен да ги пропушти сите возила што се движат по патот на кој влегува тој и кога не е означен со сообраќаен знак како пат со првенство на минување, ако со возилото влегува од земјен пат, макадамски пат на патот со коловозна постилка или ако на пат влегува од површина која не е наменета за динамичен сообраќај.

Возачот кој при свртувањето на возилото пресекува велосипедска патека или лента, е должен да ги пропушти велосипедите, велосипедите со помошен мотор, мопедите, трициклите и лесните четирицикли што се движат по велосипедската патека или лента. Во спротивно е предвидена глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.

Продолжува на страна 2

Страници: 1 2 3

Партнери на Правдико