Листа на глоби за сообраќајни прекршоци според НОВИОТ закон | Правдико - Part 2

Правдико

   

Листа на глоби за сообраќајни прекршоци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сообраќај на крстосница

kruzen-tek-gologanov[2]Возачот кој се приближува до крстосница, е должен да вози со зголемена претпазливост која им одговара на условите на сообраќајот на крстосницата. Возачот кој се приближува до крстосница, е должен да вози со брзина која овозможува да запре и да ги пропушти возилата што на крстосницата имаат првенство на минување.  Возачот е должен на доволна оддалеченост пред крстосницата со возилото да заземе положба на онаа сообраќајна лента по која задолжително треба да помине низ крстосницата. Во спротивно е предвидена глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност.

На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, при непочитување на истите е предвидена глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност, додека за пешаци глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.

Престигнување и обиколување

Престигнување и обиколување возачот смее да врши само ако тоа не го попречува нормалното движење на возилата што доаѓаат од спротивната насока и ако на патот има доволно простор за безбедно изведување на тие дејствија. Возачот не смее да врши престигнување и обиколување, кога со тоа, со оглед на карактеристиките во сообраќајот и на постојните околности на патот и во сообраќајот или со оглед на техничките својства на возилото со кое управува, ги загрозува другите учесници во сообраќајот. (Во спротивно е предвидена глоба во износ од 150 евра во денарска противредност)

Престигнување и обиколување се врши од левата страна. Престигнувањето се врши од десната страна, ако возилото на коловозот зазело таква положба и неговиот возач дава таков знак од што може сигурно да се заклучи дека тоа возило свртува налево. Во спротивно е предвидена глоба во износ од 150 евра  во денарска противвредност.

Возачот не смее да престигнува друго возило кое се приближува кон обележан пешачки премин, кое преминува пешачки премин или кое застанало заради пропуштање на пешаци на тој премин.(Во спротивно е предвидена глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеци).

no-hornЗвучни и светлосни сигнали за предупредување

Возачот е должен да употреби звучен знак за предупредување кога тоа го бараат причините на безбедност на сообраќајот.  Звучниот знак за предупредување не смее да се состои од низа тонови од различен интензитет при што возачот е должен давањето на звучен знак за предупредување да го сведе на неопходна мера.  Во спротивно е предвидена  глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност.

Запирање и паркирање

Возачот односно сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите. На јавен пат, на места односно на простор наменет за запирање и паркирање на возила, како и на посебно уредена сообраќајна површина наменета за движење на пешаци и велосипедисти, забрането е да се остават возила кои заради оштетеност односно дотраеност, не се употребуваат во сообраќајот (хаварисани, напуштени возила, камп приколки и слично), како и други предмети со кои се попречува одвивањето на сообраќајот и се загрозува животната средина.

Предвидена е глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност.

Употреба на светла во сообраќајот

maxresdefault36-300x168Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.
Обврската  не се однесува за возачите на запрежни возила, велосипедистите и возачите на електрични тротинети кога запрежното возило, велосипедот односно електричниот тротинет го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост.
Предвидена е глоба од 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност.

На велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна. Предвидена е глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна

Растојание помеѓу возилата

Возачот е должен да го управува возилото на оддалеченост од другите возила што учествуваат во сообраќајот, која одговара на брзината на движењето на возилото и другите околности на сообраќајот, при што со таа оддалеченост од другите возила не предизвикува опасност и не ги попречува другите возачи.(Во спротивно е предвидена глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност .

Сообраќај на велосипеди, на велосипеди со помошен мотор

Screen-Shot-2015-01-30-at-2.52.44-PMВозачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека – по велосипедската патека односно лента. Ако двајца или повеќе возачи на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед се движат во група се должни да се движат еден по друг.  Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, возачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед се движи по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.  Предвидена е глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност .

Возачот на велосипед, на велосипед со помошен мотор, на мопед, на мотоцикл,  трицикл, лесен четирицикл и на четирицикл, е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот.Во спротивно предвидена е глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.

Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Во спротивно предвидена е глоба од 50 евра  во денарска противвредност

Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба (не е задолжително) да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба (не е задолжително)  да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот.

Движење на пешаци 

hitportal-pesackiПешакот, по правило, не смее да се движи и да се задржува на коловозот. Ако пешакот се движи по коловозот, тој задолжително треба да се движи што поблиску до работ на коловозот и тоа мошне внимателно и на начин на кој не го попречува или не го спречува сообраќајот на возилата. Во спротивно е предвидена глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.

Пешакот што е со намера да премине преку коловозот на место каде што не постои обележан пешачки премин, не смее да стапи на коловозот ако со тоа го попречува сообраќајот на возилата. Во спротивно е предвидена глоба во  износ од 30 евра во денарска противвредност.

На обележан пешачки премин на кој сообраќајот на пешаците е регулиран со светлосни сообраќајни знаци за пешаци, пешакот е должен да  постапува според тие знаци. Во спротивно е pредвидена е глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.

Продолжува на страна 3

Страници: 1 2 3

Партнери на Правдико