Листа на лична заштитна опрема која вработените ја употребуваат при работата | Правдико

Правдико

   

Листа на лична заштитна опрема која вработените ја употребуваат при работата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

homepagebanner_HHselector_LРаботодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства.Работодавачот има обврска да воведе такви заштитни мерки и да избере такви работни и производствени методи кои ќе го подобрат нивото на безбедноста и здравјето при работа, а ќе се вклучат во сите дејности на работодавачот и на сите нивоа на организацијата.

Личната  заштитна  опрема  треба  да  се  употребува    кога  ризиците  не  можат  да  се одбегнат или доволно да се ограничат со технички средства на колективна заштита или со мерки, методи и постапки на организација на работата. Под поимот лична заштитна опрема се смета секоја опрема која работникот ја носи, држи и ја употребува при работата, со цел да го заштити истовремено од една или повеќе опасности кои можат да ја загрозат неговата безбедност   и здравје при работата. За  лична  заштитна  опрема  се  смета  и  секој  додаток  или  дополнување  кои  се употребуваат при работата.

Под лична заштитна опрема не се смета:

–  обична  работна  облека  и  униформи  што  не  се  посебно  направени  за  заштита  на безбедноста и здравјето на вработениот;

– опрема која се употребува од страна на итна медицинска помош и силите за заштита и спасување;

– лична заштитна опрема што се носи или употребува од страна на армијата, полицијата и службите за обезбедување на лица и имот;

– лична заштитна опрема која се употребува од вработените во патниот транспорт;

– спортска опрема;

– опрема за самоодбрана и застрашување; и

– подвижни средства за откривање и сигнализирање во случај на ризици и незгоди.

Личната заштитна опрема треба да ги исполнува стандардите на Европската унија како и меѓународните прописи во однос на дизајнот и производството, а посебно во однос на безбедноста и здравјето нa вработените, при што да:

– биде соодветна за заштита   од ризикот за која е наменета и самата да не предизвикува дополнителен ризик;

– одговара на постојните услови на работното место;

– ги зема во предвид ергономските барања и здравствената состојба   на   вработениот; – му одговара на вработениот со можност за подесувања.

Употребатa на личната заштитна опрема, посебно времето во кое таа се носи, треба да се одреди врз основа на сериозноста на ризикот, зачестеноста на изложување на ризикот, карактеристиките на работното место на секој вработен и карактерот   на личната заштитна опрема. Опрематаможе да се употребува само за целите за која е наменета и да се употребува во согласност со упаствата на производителот. Упаствата  за  употреба  и  одржување  на  личната  заштитна  опрема  треба  да  бидат разбирливи за вработените.

Личната заштитна опрема треба да се обезбеди бесплатно од страна на работодавачот кој треба да обезбеди таа да биде во добра работна состојба и со задоволителна хигена, со нејзино неопходно одржување, поправање и замена со нова. Вработените кои употребуваат лична заштитна опрема треба да бидат запознати од кои ризици ги заштитува истата од страна на работодавачот. Пред употреба на личната заштитна опрема, треба да се изврши обука, и ако е потребно демонстрирање  како истата се употребува од страна на работодавачот.

Листата на заштитната опрема можете да ја видите ТУКА

–ПРАВДИКО–

– Листа на професии за кои стажот им се смета со зголемено траење (бенефициран стаж)

– Кои работници имаат право на скратено работно време

Препорачуваме

Партнери на Правдико