Правдико

   

Листа на професии за кои стажот им се смета со зголемено траење (бенефициран стаж)

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pozarnikariОпштите услови за пензионирање се еднакви за сите осигурени лица во задолжителниот пензиски систем (прв и втор столб): возраст од 64 години за мажи, 62 години за жени и минимум 15 години пензиски стаж. (види повеќе Кога може да се добие старосна пензија?)

На осигуреникот на кого стажот на осигурување му се смета со зголемено траење (бенефициран стаж),старосната граница за стекнување право на старосна пензија се намалува зависно одстепенот на зголемувањето на стажот, и тоа за по една година за:

1) секои седум години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци;
2) секои шест години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци;
3) секои пет години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци;
4) секои четири години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци;
5) секои три години и шест месеци поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци;
6) секои три години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци;

Во прилот е листата на професии каде  што работата е особено тешка и влијае штетно врз  здравствената состојба и работната способност на работникот, и покрај тоа што се применети сите општи и посебни заштитни мерки утврдени со прописите, како и другите мерки што можат да влијаат врз отстранувањето и намалувањето на штетните влијанија како и работните  места  на  кои  што,  поради  природата  и  тежината  на  работата, физиолошките функции на организмот опаѓаат во толкава мера што на работникот му го оневозможуваат натамошното успешно вршење на истата.

Листата на професии за кои стажот на осигурување му се смета со зголемено траење (бенефициран стаж) можете да ја видите ТУКА

–ПРАВДИКО–

Листа на лична заштитна опрема која вработените ја употребуваат при работата

– Кои работници имаат право на скратено работно време

Партнери на Правдико