Лица од јавниот сектор кои ќе добиваат минимална плата за месец април и мај | Правдико

Правдико

   

Лица од јавниот сектор кои ќе добиваат минимална плата за месец април и мај

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба се уредува висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на траење на вонредната состојба.

Согласно одредбите од оваа уредба со законска сила,  ќе се исплаќа минимална плата за месеците април и мај 2020 година и тоа за избраните и именуваните лица во јавниот сектор, и тоа на:

-пратениците во Собранието на Република Северна Македонија,

– Претседателот на Република Северна Македонија,

– функционерите кои ги именува Претседателот на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,

– функционерите и лицата кои ги избира или именува Собранието на Република Северна Македонија,

– претседателот на Владата на Република Северна Македонија и избраните и именуваните лица од Владата на Република Северна Македонија,

– градоначалниците и лицата кои остваруваат право на плата по престанувањето на функцијата, согласно Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија,

– именувани лица од Владата на Република Северна Македонија кои остваруваат право на плата согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија,

– претседател и членови, односно лице кое раководи со регулаторно тело,

– лицата кои раководат со институциите кои вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, и во институциите кои вршат работи од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, правни лица на кои им е доверено вршење на јавно овластување, јавни установи, јавните претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје и од општините во градот Скопје и акционерските друштва во целосна сопственост на државата.

–  назначените државни секретари, генерални секретари, секретарот на Градот Скопје и секретарите на општините, кои остваруваат право на плата согласно Законот за административни службеници.

– избраните судии кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на судиите и на избраните јавни обвинители кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на јавните обвинители.

На избраните, именуваните и назначените лица наведени погоре  за месеците април и мај 2020 година им се исплатува плата во висина на минимална плата утврдена за месец декември 2019 година во Република Северна Македонија, во износ од 14.500 денари.

Препорачуваме

Партнери на Правдико