Правдико

Лицата кои не оствариле право на пензија ќе добиваат паричен додаток од 6000 денари

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Старите лица во Република Северна Македонија не уживаат посебна помош и заштита по основ на нивната материјална наобезбеденост, доколку не ги исполнуваат условите за остварување на право на пензија.  Согласно Законот за социјалната заштита  лицата над 65 годишна возраст се сметаат за неспособни за работа и користат право на постојана парична помош, по основ на материјална необезбеденост.

Предлог-законот за социјална  сигурност за старите лица се заснова на начелата на правото на социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните, социјална праведност, хуманост и солидарност согласно со член 34 од Уставот на Република Северна Македонија.

Примарни цели на реформата на правата на старите лица за обезбедување на нивна социјална сигурност  се:

  • Зголемување на ефективноста на паричните давања за оваа категорија на граѓани
  • Намалување на процентот на сиромаштијата кај старите лица над 65 годишна возраст

Висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица изнесува 6.000 денари.

Со предлог законот в исината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица, се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари во тековната година.

Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година не се врши усогласување на висината на правото на социјална сигурност за старите лица.

Корисникот на правото на социјална сигурност за старите лица, има право на паричен додаток заради покривање на дел  од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, за месеците од октомври до март. Месечниот износ на висината на додатокот од изнесува 1.000 денари месечно.

Ова право согласно предлог законот го остварува лицето кое:

  1. има државјанство на Република Северна Македонија;
  2. има постојано место на живеење во Република Северна Македонија во последните 15 години пред поднесување на барањето;
  3. нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува;
  4. не е корисник на пензија од Република Северна Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава и
  5. не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико