Лицето што застрела гостин на свадба доби притвор | Правдико

Правдико

   

Лицето што застрела гостин на свадба доби притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство во Куманово поведе постапка против лицето што застрела гостин на свадба во Липково. Осомничениот на 25 јули во 22.45 часот, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појасот пиштол „смит и весон“ и со умисла испукал еден куршум со кој го погодил сега починатиот Б.Х., државјанин на Република Германија.

Основното јавно обвинителство во Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторени две кривични дела, и тоа убиство од член 123, став 1 и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачи материи од член 396, став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па до Основниот суд во Куманово достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот беше прифатен од страна на судот, кој со решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од триесет дена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико