Литванец обвинет за шпионажа во полза на Белорусија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Литванското обвинителство обвини еден поранешен службеник на државната компанија за контрола на воздушниот сообраќај за шпионажа во полза на Белорусија.
– Тој е обвинет дека вршел шпионажа против Литванија, под директива на белоруските служби, изјави литванскиот заменик јавен обвинител Дариус Раулусаитис.
Тој додаде дека неможе да ја отфрли вмешаноста на Москва во овој случај.
Раулусаитис рече дека на осомничениот, чиј идентитет не е соопштен, му се заканува казна до 15 години затвор.
Тој е обвинет дека, додека работел во компанијата за контрола на цивилниот воздушен сообраќај, го снабдувал Минск со информации за литванската армија и за клучната инфраструктура.
Раулусаитис додаде и дека Јавното обвинителство истражува уште еден осомничен, кој досега не бил обвинуван. МИА
Извор: Нова Македонија