Литванија го враќа задолжителното служење во војска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Литванскиот Совет за одбрана, донесе одлука за воведување задолжителна воена служба.
Воената служба во Литванија е укината од пред неколку години, но со оглед на новонастанатите ситуации, потребно е нејзино враќање, изјави по средбата, претседателот на Советот.
“Ние мораме да ги зајакнеме одбрамбените капацитети на нашата земја. Соочени со новонастанатите геополитички состојби, војската мора да биде подготвена да ја брани државата дури и во време на мир. Денешната геополитичка ситуација бара од нас да се развие и зајакне капацитетот на воениот персонал. Од овие причини, Советот одлучи да ја донесе оваа одлука, во следните пет години да се врати задолжителната воена служба” Изјави претседателот на Советот.
Воените команданти истакнуваат дека по одлуката за професионализација на војската, имало многу мал интерес, многу помал од очекуваното, при што истакнаа дека на државата и е неопходно зајакнување на воениот капацитет, за да се заштити земјата од потенцијална агресија.
Владата проценува дека воведувањето на задолжителната воена служба би ја чинело скоро половина помалку отколку професионализација на истата. Доколку парламентот го усвои повторното водедување на задолжителното служење војска, првата регрутација би започнала веднаш.