Литванија уапси руски шпион | Правдико

Правдико

   

Литванија уапси руски шпион

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

hapsenje lisice (04)_620x0Литванскиот обвинител изјави дека денеска беше уапсен руски државјанин осомничен за шпионажа.

Осомничениот е агент на руската служба за безбедност ФСБ, кој сакал да влези во институциите на власта, институциите  за спроведување на законот и разузнавачките агенции, предводени од страна на Обвинителството.

Лицето Н.Ф. е роден во 1977 година, беше уапсен во средата, судот нареди да биде притворен три месеци. Тој се соочува со можна казна од 15 години затвор за шпионажа, пренесува АФП.

Литванската разузнавачка агенција соопшти “дека тој бил фатен при обид за пристап до информации кои се познати само на Литванските лидери, со цел да се манипулира и да се влијае на процесот на донесување одлуки на највисоко ниво.”

Ова е четврти случај, во врска со шпионирање во корист на Русија и Белорусија, за помалку од една година, објавен од страна на Литванија, која е членка на НАТО и на ЕУ.

Претходно беше уапсен поранешен вработен во државна компанија за контрола на воздушниот сообраќај, воен лекар и офицер на воздухопловните сили. Литванската разузнавачка агенција, исто така, изјави дека три руски шпиони се фатени минатата година, додавајќи дека во Русија постои зголемен интерес за воената структура на балтичките држави.

Руските активности и воените маневри во регионот, изразија загриженост дека Русија можеби ќе се обиде да ги дестабилизира балтичките земји.

Препорачуваме

Партнери на Правдико