По пет години во затвор, Љубе Бошкоски денеска е ослободен | Правдико

Правдико

   

По пет години во затвор, Љубе Бошкоски денеска е ослободен

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Попладнево е ослободен од затвор Љубе Бошкоски, кој издржуваше затворскa казна пет години, дознава „Фокус“.

Ljube-Boskoski

Тој беше уапсен на 5 јуни 2011 година пред ресторанот „Воденица“, за наводно незаконско финансирање на предизборната кампања. Беше осуден на пет години затвор, кои истекуваат в недела.

На Бошкоски за овие пет години му беше дозволено да отсуствува само еден ден, на погребот на неговата мајка.

Неговиот случај беше нотиран од Стејт департментот во извештајот за човекови права, каде тој беше посочен како политички затвореник.

Против Бошкоски се води уште еден процес, „Ровер“, кој двапати беше враќан на повторно судење.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико