Правдико

   

Љубиќ: Решението за БиХ е поделба на пет територијални единици

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Босна и Херцеговина треба да биде федерација на пет територијални единици,  изјави Божо Љубиќ, претседател на Генералниот совет на Хрватското национално Собрание на Босна и Херцеговина (ХНС), тело кое ја координира работата на хрватските партии во БиХ, а чие делување е доминантно од страна на ХДЗ.

bosnia_and_herzegovina_flag_by_xumarov-d3aiqq8

Љубиќ, во пресрет на седницата на Собранието на ХНС, истакна дека оваа неделата треба да се дефинираат насоките на хрватската политика во БиХ за во иднина,исто така тој рече дека очекува усвојување на декларација во која е содржан дел од предлогот за реорганизација на БиХ како држава.

– Ова вклучува и усвојување на новиот устав, нова рационално територијална организација на БиХ, која на ист начин ќе се стандардизираат правата на сите три националени идентитети – изјави тој во интервју за сараевскиот неделник “Дани”.

Тој објасни дека е  можен модел за формирање на овие “три мулти-етнички федерални единици со етничкото мнозинство на еден од трите конститутивни народи во секоја од нив.”

Покрај тоа, БиХ треба да има два окрузи, а еден е веќе постоечкиот во Брчко, а вториот да се формира во околината на Сараево како главен град на државата.

Љубиќ, изјави дека со постојната структура, БиХ не може да биде одржлива држава, и како таква претставува ризик за сите, посебно во случај на ширење на кризата на европскиот континент.

Извор:Блиц

Партнери на Правдико