Љубоморен дечко ја претепал поранешната девојка | Правдико

Правдико

   

Љубоморен дечко ја претепал поранешната девојка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и четири годишната С.С. поднела пријава против нејзиниот поранешен дечко Г.Н кој ја пресретнал во Волково додека таа одела пеш кон куќата на нејзина пријателка.

Г.Н бил во неговото возило, застанал и преку отворениот прозорец и рекол на С.С. да влезе во возилото. Таа најпрвин не сакала да влезе, но тој продолжил да инсистира и таа попуштила. Потоа тој почнал да вози кон неговиот дом. Кога пристигнале пред неговата куќа, излегле од возилото и Г.Н. почнал да ја влече за раце и за јакната и ја туркал по скалите на вториот кат во куќата. Двајцата започнале разговор но тој веднаш и го одзел мобилниот телефон за да видел со кого разговарала. Кога С.С. побарала да и го врати телефонот тој физички ја нападнал, удирајќи ја со повеќе удари со тупаници по лицето, главата и телото, и ја турнал на земја.

Во еден момент оштетената истрчала кон влезната врата за да избега, но тој ја стигнал, ја фатил и продолжил да ја удира по грбот со тупаници. Истата успеала да се оттргне од него и избегала по скалите, а тој продолжил да ја брка, но С.С. избегала и веднаш ја повикала нејзината пријателка, којашто ја однела кај неа дома, а оттаму ја однела на лекар во Ургентниот Центар во Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико