Лукашенко го враќа кметството во селата | Правдико

Правдико

   

Лукашенко го враќа кметството во селата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во намера да го спречи иселувањето од селата во градовите планира да воведе закон со кој ќе им се забрани на селаните да го напуштаат својот имот и да доаѓаат во градовите, пренесува „Фајненшел тајмс“.

8f773b09098cf2750d7edcae6f1079c9

„Вчера на мојата маса пристигна декретот кој се однесува за воведување на  кметсвото. Со него се зголемува моќта на регионалните гувернери и ќе ги научи селаните да бидат многу ефикасни“, рекол Лукашенко. 

Гувернерите кои нема да успеат да осигураат навременo сеење и жетва ќе бидат отпуштени.

Белорусија е голем производител на компир, житарици и на стока, но методите на одгледување не се променети од времето на советското стопанство.

Извор: Нова Македонија

Ниската заработувачка и неизвесната иднина во земјоделството ги принудува многу селани да побараат подобра иднина во градовите или во соседна Русија.

Партнери на Правдико