Луксембург го почнува шестмесечното претседавање со ЕУ | Правдико

Правдико

   

Луксембург го почнува шестмесечното претседавање со ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Луксембург од денеска го презема од Летонија шестмесечното претседавање со ЕУ.

113859

Претседавањето, како што е најавено, ќе се заснова врз седум столбови: поттикнување на растот, инвестиции и вработување, продлабочување на социјалните димензии на ЕУ, управување со миграциите, фокус врз дигитализација на единствениот пазар, промоција на конкурентноста, одржливиот развој и јакнење на улогата на Унијата на глобална сцена.

Меѓу приоритетите за следните шест месеци Луксембург го нема ставено проширувањето на ЕУ, веројатно затоа што не очекува да се направат големи чекори во тој процес.

Официјално претседавањето ќе почне на 3 јули со повеќе манифестации во Луксембург, каде за време на викендот ќе се одржат културни настани во кои ќе учествуваат претставници од сите 28 членки на ЕУ.

Од 1 јануари 2016 година претседавањето со ЕУ ќе го преземе Холандија.

Извор: 24Вести

 

Партнери на Правдико