Лустрација во Украина: Отстранети 1.320 статуи на Ленин и преименувани 51.500 улици | Правдико

Правдико

   

Лустрација во Украина: Отстранети 1.320 статуи на Ленин и преименувани 51.500 улици

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

lenin-ukraina-696x391Украина отстранила 1.320 статуи на рускиот револуционер и прв советски премиер Владимир Илич Ленин и преименувала 51.500 улици, во рамките на „расчистувањето“ со своето комунистичко минато, објавик украинскиот Институт за национално сеќавање, пренесуваат украинските медиуми.

Украинското лидерство настојува да ги искорени и советските и руските остатоци од своето минато, пишуваат медиумите. Во Киев, сообраќајницата „Московска авенија“ е преименувана во чест на Степан Бандерa, националниот јунак на отпорот против Советскиот сојуз кон крајот на Втората светска војна, кого пак многумина го сметаат за соработник со нацистичкиот режим.

Односите помеѓу Украина и Русија во последните години се на најниско ниво поради тоа што Киев го собори украинскиот проруски претседател Виктор Јанукович во екот на масовните протести во кои се бараше поголема поврзаност со западот. Одговорот на Москва на соборувањето на Јанукович во 2014-та беше анексија на украинскиот полуостров Крим, каде се наоѓа голема руска морнаричка база и им даде поддршка на проруските сепаратистички бунтовници на истокот од Украина.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико