Мадрид сака да го спречи референдумот на Каталонците | Правдико

Правдико

   

Мадрид сака да го спречи референдумот на Каталонците

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шпанската влада има намера да го спречи најавениот референдум за независност на Каталонија, закажан за 9 ноември. Владата најверојатно в понеделник, 29.9. на вонредна седница ќе донесе одлука за тужба пред Уставниот суд.

eZlMO6

„Ваков референдум нема да се одржи затоа што е илегален“, изјави потпретседателката на шпанската влада Сораја Саенз де Сантамарија денеска (27.09) во Мадрид. Владата, како што се вели, веќе ги презела првите чекори за да се спречи одржување на референдумот. Според Саенз де Сантамарија, централната влада во Мадрид длабоко жали поради одлуката на регионалната влада на Каталонија. Со ваков чекор се предизвикува поделба на каталонското општество и тој значи оддалечување на Каталонија од Европа, рече Саенз де Сантамарија.

Каталонскиот премиер Артур Мас претпладнево соопшти дека на 9 ноември ќе се одржи референдум за отцепување на Каталонија. На свечена церемонија во Барселона тој потпиша соодветен декрет. Владата во Мадрид најверојатно во понеделник (29.09) на вонредна седница ќе донесе одлука за тужба пред Уставниот суд. Прифаќање на тужбата од страна на судот автоматски ќе значи откажување на референдумот, затоа што Каталонија во тој случај нема да смее да преземе ништо во насока на подготовка на референдумот, нагласи потпретседателката на шпанската влада Саенз де Сантамарија (на фотографијата).

Каталонија е еден од најбогатите региони во Шпанија и од 1978 година има статус на автономна заедница. Сепаратистите се жалат на, како што тврдат, превисоките трансфери на пари од регионот за централната власт во Мадрид. Меѓутоа, Каталонија во време на највисоката точка на финансиската криза во 2012 година беше исто така упатена на кредити за итна помош.

Извор : Deutsche Welle

Партнери на Правдико